Актерката Ирена Ристиќ приведена па однесена во „Бардовци“ оти чистела ѓубре пред Влада

Актерката и активистка Ирена Ристиќ со полициско комбе била приведена во полициска станица „Беко“ бидејќи, како што вели, чистела догорчиња од цигари пред Влада. Ристиќ вели дека односот на полицајците бил арогантен, а три часа од приведувањето не ѝ дозволиле ниту да повика адвокат.

 

„Противправно бев приведена. Не добив одговор на ниту едно од многуте прашања кои логично се наметнуваа. Зошто ме пикаат во комбе? Што згрешив?


Зошто не смеам да ги метам пикавците покрај Влада? (таму не фрлаат граѓаните, туку токму оние кои фрлањето отпад треба да го санкционираат). По слободна проценка, до оградата имаше од несанкционирани фрлени пикавци 54 илјади и седамсто евра у казни. Таков и толку скап тепих од пикавци имаат исткаено оние кои тоа најмалку смеат да си го дозволат. Нормално, тоа им го кажав.

 

И така почна.

 

Ме пикнаа у комбето кое у секунда се створи пред Влада, ме развозуваа од Беко до Бардовци и назад и ме тормозеа као кај мене да се петте украдени милијарди и решенијата на сите нивни приватни и професионални проблеми.


Ниту еден, значи, ниту еден од полицајците не се легитимираше и не се претстави, а уште помалку најде за сходно да објасни зошто сум така третирана.


Се изредија десетина. И мажи и жени. Сите до еден беа груби и некултурни. Ми се обраќаа со “ма” и “мори”… Гласно ме пцуеја! Пичка ти матер! Пичка ти матер! Правеа влези-излези низ вратата барајќи чаре за “лудата” глумица! Не попуштав под ниту еден притисок и закана!


Ги барав своите права! 
Барав адвокат пред да кажам било што… “Многу филмови гледаш…” рекоа… Со Јанаки адвокатот исконтактирав после три саати, откако видоа дека нема шанси кај мене да им поминат методите! Камерите снимаат, рекоа! За среќа, одговорив!

 

Ми даваа да потпишам празен лист… Строгите погледи, наперченоста, износените униформи, распадната станица, неупатеноста во процедурите и импровизациите со истите, простачкото обраќање, портокаловите и љиљаковите ноктишта на полицајките, муабетчињата за мене као да не сум тука и меѓу нив и со докторот (Љ. Ј.) у Бардовци…

 

Има да се раскажува… Многу беше гадно… многу!

 

Дали се исплашив? Не!
Дали тоа ги реметеше? Да!

 

Како понатаму?!

 

Јас останувам у борбата! Со истата страст и посветеност!

 

А они?!

 

Немам појма, дечки! Немам појма како ќе тераат!

 

Ви благодарам за грижата!!! Во текот на денот ќе одговорам на сите пораки!

 

*увек наоѓам начин да привлечам внимание, сум си’бала векот!“ напиша Ристиќ на Фејсбук.

 

Ирена Ристиќ пред два месеца почна со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ во која членуваат повеќе јавни личности, но и волонтери. Тие организираат акции за чистење на различни локации на кои има смет. Последната акција се одвиваше во Марков манастир, каде што активистите собрале 98 вреќи со ѓубре.

 

Од МВР велат дека го проверуваат случајот со Ристиќ, по што ќе дадат информации за тоа што се случувало.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.