ВИДЕО – Лукаревска : Работиме на наоѓање на олеснителни околности при поднесувањето на даночната пријава

По реакциите во јавноста за новиот начин на поднесување годишна даночна пријава, директорката на УЈП, Сања Лукаревска денска во Прилеп изјави дека нивната цел како УЈП била да ја олеснеле процедурата, а не да ја усложнеле. Во моментов работеле на наоѓање на олеснителни околности со кои ќе им се помогнело и на пензионерите и на сите други физички лица при регистрирањето.

 

 

„Ние секогаш работиме и сме во интерес на потребите на граѓаните. Нашата цел е да олесниме, а не да усложниме. Работиме во моментов на наоѓање на олеснителни околности со кои ќе им помогнеме и на пензионерите и на сите други физички лица. Имаме направено соодветен акционен план, како ќе се одвива сето тоа, достапни сме, транспарентни сме. За ова ќе поразговараме и со градоначалникот како ќе може да ни се помогне во делот на регистирањето на физичките лица. Никако нема да дозволиме некој да се почувствува дека му претставува преголема обврска регистрирањето. Има уште други начини, навремено ќе ја известиме јавноста“, рече Лукаревска.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.