Лажниот принц на „Црна Гора и Македонија“ го одликуваше премиерот Заев

Facebook
Twitter
Email
Print

Премиерот Зоран Заев пред два дена го примил лажниот принц на Црна Гора и Македонија Стефан Чернетиќ. Освен средбата, Чернетиќ му подарил и ореден, а фотографии од одликувањето, Чернетиќ објави на својот фејсбук профил, каде објаснува дека официјално бил пречекан од премиерот.

 

Минатата година Чернетиќ беше уапсен во Италија заедно со уште едно лице бидејќи самите си делеле лажни титули и организирале гала приеми каде делеле признанија.

 

Инаку Црна Гора уште во 2016 година ја известила Италија дека Черенетиќ лажно се преставува како принц на Црна Гора и Македонија.

 

Стефан Чернетиќ веќе подолго време живеел луксузно претставувајќи се како принц на Црна Гора и Македонија, се среќавал со дипломати, познати личности и бизнисмени од целиот свет. Меѓу нив се и српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ и глумицата Памела Андерсон, на која тој ѝ ја „доделил“ витешката титула дама.

 

Од Македонија на листата стигнаа да бидат премиерот Зоран Заев и поранешната македонска мисица Дунавка Трифуновска, која стана дама од висок ранг на сребрениот медал на Св. Ѓоргија.

 

Од владата потврдија дека Заев навистина се сретнал со Чернетиќ, но оти средбата била неофицијална. Чернетиќ инаку е Италијанец роден на словенечката граница, кој сега живее во Торино.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи