Матис: Граѓаните се пред најважната одлука во историјата – на референдумот ќе одлучите за вашата иднина

Facebook
Twitter
Email
Print

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис, денеска оствари средба со премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. На прес-конференцијата тој даде поддршка за референдумот, порачувајќи дека ова е уникатна можност за Македонија.

 

„Вашата земја само што ја славеше годишнината од прогласувањето независност, кога повеќе од 95 отсто од вашите граѓани гласаа да живеат во слобода како што вели вашата химна. Сега треба да се искористи демократската можност за да се оди во една нова иднина. Да ја цитирам канцеларката Меркел, ова е најважното гласање во историјата на вашата нација. Го препознаваме комплексниот политички процес кој што му претстои на вашиот народ и ве поддржуваме во остварувањето на вашиот демократски глас и одговорност да гласате“, изјави Матис.

 

Тој истакна дека Договорот од Преспа ќе овозможи спроведување на клучните реформи во процесот на пристапување во НАТО и ЕУ и оти ќе ги зајакне безбедноста и економнскиот развој на Македонија.

 

„Како што кажа Столтенберг минатата недела, придружувајќи му се на НАТО, добивате место во најуспешната воена алијанса во историјата, заедно со 29 други земји кои што се обврзуваат да ве штитат вас и вашата безбедност. Тоа носи зајакната безбедност како и зајакнат економски развој. Како што кажа Столтенберг, странските инвестиции во Црна Гора се удвоија откако земјата се зачлени во НАТО“, рече Матис.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи