Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за поскапување на нафтените деривати. Од ноќеска бензинот супер 95 поскапува за половина денар и ќе се продава по цена од 72.50 денари, а цената на супер 98 не се менува и ќе се точи за 74 денари.
Цената на „еуродизелот“ од 98 октани останува иста. Литар од овој бензин се продава по цена од 74 денари. „Еуродизел(Д-Е V)“ поскапува за денар и половина и ќе чини 66 денари за литар.
Екстра лесното масло исто така поскапува за 1.50 денари и ќе изнесува 54.50 денари по литар.
Според одлуката на регулаторот, малопродажната цена на мазутот М-1 НС од полноќ ќе изнесува 3.,351 денари за килограм.
117