Трента: Историски момент за добра иднина на Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерката за одбрана на Италија Елизабета Трента, денеска е во посета на Македонија. Италијанката истакна дека таа верува во успешна иднина на Македонија, и дека Италија е заинтересирана за зајакнување на воената соработка меѓу двете земји.

 

„Гледам навистина големи шанси за иднина на Македонија, и за нејзините граѓани на кои им посакувам се најубаво. Италија отсекогаш е убедена дека нашата иднина е зедничка во евроатлантската заедница. Прогресите кои ги направивте се долги и несомнени во областа на внатрешните реформи и односите со соседите. Италија се надева дека Македонија ќе напрадува кон финалната цел за полно учество во евроатлантските инситуции. Вооружените сили на Македонија секогаш ќе може да сметаат на италијанските вооружени сили како расположлив партнер кој секогаш сака да биде покрај вас“, изјави Трента по денешната посета на Скопје.

 

Трента одржа средби со Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и со премиерот Зоран Заев.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи