Хан: Граѓаните независно да донесат одлука за својата иднина

Facebook
Twitter
Email
Print

Еврокомесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан се сретна со Премиерот Зоран Заев каде што после средбата ги искажа своите импресии. Хан рече дека Скопје во последно време стана најпопуларната дестинација за политичарите од Европа и од Светот. Најпрво се обрати со кратенката поранешна Југословенска Република Македонија, со надеж дека во иднина ќе се обрати со новото име.

 

„Одлуката која ќе ја донесат граѓаните на Република Македонија ќе има влијание и на нив и на нивните деца, идните генерации. Референдумот е единствена, уникатна можност да донесат важна одлука која ќе има далекусежни последици. Спогодбата која ја направивте со Грција е силно поддржана од Европската Унија, и чувар на иднината на Вашата земја. Граѓаните сега независно треба да донесат одлука на референдумот. Останува на Вас, се уште морам да кажам на поранешната Југословенска Република Македонија, и воопшто не ми се допаѓа кратенката, но се надевам дека во иднина ќе ви се обраќам со Северна Македонија, а Вие ќе одлучите дали ќе биде тоа така“, истакна Хан по средбата со Заев.

 

Премиерот Зоран Заев на средбата истакна дека веќе се прават важни реформи, а после референдумот реформите ќе бидат уште посилни, за да биде Македонија подготвена за почеток на преговорите во јуни 2019 година.

 

„Секоја средба со лидерите на ЕУ во оваа фаза кога сме пред членство во Унијата, е огромна придобивка и поддршка на нашата земја. Круна на нашиот напредок ќе биде почетокот на преговорите за членство во ЕУ во јуни 2019 година. На 27 септември ќе го започнеме скринингот кој е вовед во преговорите. Веќе правиме важни реформи, а до јуни 2019 ќе покажеме двојно повеќе реформи како што се владеење на правото, борбата против корупцијата, реформи во јавната администрација и реформи во разузнавачките служби. Во таа насока Република Македонија и граѓаните високо ја ценат поддршката од ЕУ, за спроведувањето на неопходните реформи и за спроведување на договорот со Грција. Денешната посета на големиот пријател на Македонија, Комесарот за добрососедска политика и проширување Јоханес Хан го подржува токму тоа. Граѓаните на Република Македонија никогаш не се чувствувале поблиску до ЕУ како сега“, истакна Заев.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи