ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Командирот на ПС Прилеп е поставен без соодветно образование

Во досегашното владеење на СДС видовме само непотизам, делење милионски тендери на нови фирми, фирми блиски до функционери на СДС, видовме непочитување на законите и процедурите, видовме се’ освен работа и реализација на значајни проекти. Истакна на денешната прес конференција Гоце Стефаноски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Денес, го прашуваме министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, градоначалникот Јованоски и претседателот на Совет на општина Прилеп Миле Талески, дали незаконски, односно без да ги исполнува потребните услови, за командир на ПС Прилеп е поставен Кире Спиркоски?

 

Неговата биографија вешто се крие од денот на неговиот избор кога советниците од ВМРО-ДПМНЕ побараа информација за тоа кое е неговото образование? На ова прашање одговорот беше високо!

 

Го прашуваме министерот Оливер Спасовски дали е вистина дека Кире Спиркоски има завршено на еден приватен факултет во Струга, но со 180 кредити? Во законот за внатрешни работи јасно е наведено дека командир на полициска станица треба да има 240 ЕКТС.

 

Исто така во систематизацијата на ПС Прилеп јасно стои дека командирот на ПС Прилеп треба да има завршено факултет од областа на безбедноста, правен или економски со 240 кредити или  VII/1 степен.

 

Прашуваме, дали е вистина дека истиот во минатиов период е студент на еден приватен факултет во Битола, со цел да дозаврши за да стекне 240 кредити, како што е и потребно за законско назначување?

 

Ги повикуваме Спасовски, градоначалникот Јованоски и претседателот на Совет Талески, да одговорат на горе поставените прашања затоа што прилепчани го заслужуваат тоа.

 

Почитувани, законите во Македонија мора да се почитуваат и да важат еднакво за сите! Само така ќе имаме држава, која ќе оди напред. Оваа ненародна власт мора што поскоро да си замине, за доброто на сите, за доброто на Македонија!“, рече Гоце Стефаноски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи