ВМРО-ДПМНЕ : Кога од СДС велат дека животот во Македонија дошол, сигурно мислат на нивните функционери и деца

Сведоци сме за скандалот за кој пишуваа многу медиуми поврзан со стипендијата во висина од 40.000 евра доделена на ќерката на Димитров. Пред некој ден низ медиумите излезе уште една запрепастувачка вест. Прашуваме дали синот на пратеникот Локвенец добил стипендија од високи 113.000 американски долари? Запрашаа денеска на прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Кога од СДС велат дека животот во Македонија дошол, сигурно мислат на нивните функционери и деца. Државата се распаѓа од сите страни. Училиштата, студентските домови се оставени без ниту една значајна инвестиција.

 

Студентите, столбот врз кој треба да ја градиме Македонија, останаа само со празни ветувања дадени од моменталната власт. Со вакво владеење не се оди во Европа!

 

Нема подобар оброк, нема подобри услови за студирање, нема реконструкција на домовите, а со тоа и нема поддршка за обичниот академски граѓанин, туку има луксузирање на поединци врз маката од народот.

 

Очигледно за оваа власт предводена од СДС, не се битни останатите студенти во Македонија. туку и се битни милионските тендери доделени на фирми  поврзани со партиски функционери и огромните стипендии за нивните најблиски.

 

И наместо да го продолжат трендот на ВМРО-ДПМНЕ, со обнова на студентските домови, набавка на нови апарати, изградба на библиотеки, продолжување на реализацијата на мерките за млади, СДС гледа како да се отчести на партиските војници. Затоа оваа власт мора што поскоро да си замине. Затоа што сите ние младите, без никаква дискриминација, заслужуваме подобро!

 

Исто така сакаме да ја известиме македонската јавност дека по организирана пародија од УМС Прилеп во центарот на градот наидовме на употреба на сила, закана и покажување моќ од страна на активисти на СДСМ кои на најбезобразен начин ја спречија нашата активност со уништување на материјалот за истата.

Иако ветуваа слобода на изразување на мислата и еднаквост за сите, очигледно во оваа држава не смее да се критикува погубниот ефект од политиките на СДС“, рекоа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи