ВИДЕО – Јованоски : ВМРО-ДПМНЕ за 12 години не направи ниту еден детален урбанистички план

Чув денеска некои обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција дека не се направило ништо за населбата Три багреми во Тризла 2. Мислам дека тоа се секојдневни политички поени, немаат апсолутно право да зборуваат за некаков детален урбанистички план. Вака регаираше денеска градоначалникот на Прилеп, на прес конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

„Тие 12 години не направија ниту еден детален урбанистички план во градот, а сега сакаат да бидат деталните планови направени за неколку месеци. Сите детални урбанистички планови што се предвидени оваа година ќе ги направиме, за она што треба да го реализираме, за капиталните проекти што ни се ветени и тоа ќе го направиме. Во текот на наредните години сите детални урбанистички планови во градот ќе бидат направени, а тоа не може да се направи ниту за неколку месеци, ниту за една година. Ние го ветивме тоа на граѓаните и ќе го направиме во мојот мандат од 4 години. Ама некој да ми зборува за детален урбанистички план, а 12 години да не направи ниту еден, нема право тоа да го зборува. Она што го ветивме и за Три багреми и за сите останати населби во градот, што ги ветивме на граѓаните, што се однесува до инфраструктурата и капиталните проекти ќе ги направиме“, истакна Јованоски.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.