Македонија заслужува европска иднина. Прилеп заслужува европска иднина. На 30-ти септември избираме да одиме напред, кон подобра иднина, преку членство во НАТО и ЕУ. Рекоа на денешната прес конференција од ОО СДСМ Прилеп.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„На 30-ти септември, секој глас ЗА носи повеќе странски инвестиции и повеќе приходи за сите граѓани. На 30-ти септември, секој глас ЗА носи повисоки плати и нови работни места.
Со вашиот глас ЗА, на 30-ти септември, овозможуваме зголемување на европските фондови за Македонија.
Тоа се повеќе пари за земјоделието, за спортот, за инфраструктурата, за патишта, мостови, железници, училишта, градинки.
На 30-ти септември заедно го запираме трендот на иселувањето. Младите нема да ја бараат Европа надвор од границите. Европа ќе стане наш дом, а европските стандарди наше секојдневие тука во Прилеп, во Македонија.
Во Бугарија просечната плата порасна дупло по влезот во ЕУ и НАТО, а невработеноста се намали на 5%.
Во Романија просечната плата порасна за 400%, а невработеноста се намали на 4%.
Во Хрватска вработеноста кај младите се зголеми од 26% на 43%.
Еве ја сега и нашата шанса. Имаме историска можност да станеме дел од европското семејство. Да станеме рамноправни со најсилните земји во светот.
Затоа, сега е времето да се обединиме, да се издигнеме над сите партиски, лични и други интереси.
На 30-ти септември гласаме ЗА безбедна, развиена и европска Македонија“, велат од ОО СДСМ Прилеп.