ВИДЕО – „Филип Морис–ТКП“ инвестираше 80.000 долари за модернизација на училници во СОУ „Ристе Ристески – Ричко

Младите масовно се иселуваат од Македонија, а поради оваа состојба фирмите се повеќе се соочуваат со недостигот на работна сила. Дел од компаниите сметаат дека соработката со образовниот систем е еден од начините младите да се задржат дома. „Филип Морис“ инвестираше 80.000 долари во опремување на неколку училници во средното општинско училиште „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп со цел добивање на едуциран млад кадар, потребен на пазарот на труд, како за нив така и за другите домашни компании.

 

 

„Со оваа иинвестиција за опремување на училници за практична настава ние го поддржуваме и развојот на младиот кадар кој е неопходен како за Тутунски Комбинат Прилеп така и за останатите компании ширум бизнис заедницата во општина Прилеп“, рече Михаил Солтер, генерален менаџер на „Филип Морис – ТКП“.

 

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека ова било иднината на Македонија и ги повика и другите фирми да го следат овој пример.

 

„ Се надевам дека ова ќе биде еден поттик и за другите стопанственици, не само во Прилеп туку и во целата држава, да остварат соработка со образовниот систем, со средните и основните училишта, како и факултетите во Република Македонија и да од друга страна ги подобрат условите во тие училишта. Се разбира и ние како држава ќе го правиме истото и мислам дека тука се отвора еден простор на кој што ќе бидеме посветени наредната година, да кадарот кој се едуцира во Република Македонија го направиме посоодветен на економијата, односно на потребите на компаниите, а тоа ќе биде направено преку таканареченото дуално образование, практичната настава која што ја промовиравме, преквалификацијата која исто така ја промовиравме. Значи Владата со своите ресори, со мојот кабинет, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование, ќе бидеме посветени на тоа како да направиме соодветен кадар за економијата во Република Македонија и притоа како да го решиме акутниот проблем на невработеноста во Македонија од една страна, а од друга страна неможноста на компаниите да обезбедат соодветен кадар. Мислам дека мерките што ги промовираме ќе дадат резултат“, истакна Кочо Анѓупев, вицепремиер за економски прашања.

 

Директорката на училиштето истакна дека со ваквиот вид на практична настава учениците се стекнувале со потребното знаење за да најдат работа.

 

„ Со реализацијата на овој проект се подигна на многу повисоко ниво квалитетот за реализација на наставата, со што учениците ќе се оспособат веќе да можат после завршувањето на училиштето да се вклучат активно на пазарот на трудот, конкретно како такви оспособени кадри и лица, да бидат располагање на Тутунскиот комбинат Прилеп, кој е дел од оваа донација и од целокупниот овој проект“, изјави Билјана Трајкоска, дииректор на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“.

 

Но ова е само еден од чекорите за стопирање на иселувањето. За најголемиот проблем пак ниските плати засега никој нема слух, нииту пак решение.

 

Денеска беше промовирана и новата иинвестиција на „Филип Морис – ТКП“. Со модернизацијата на Комбинатот опфатена е производната хала со површина од над 5.000 метри квадратни. Инсталирана е нова машина за производство на цигари со потенок прогресивен формат или т.н. 7.0 формат што овозможи во изминатиов период да почне да се произведува Chesterfield 7.0 и да се започне со производство на Marlboro 7.0. како најбрзо растечки формати на македонскиот пазар.

 

„Целокупната реколта која ја откупуваме од страна на нашите кооперанти ја продаваме на Филип Морис, а воедно и она што го ветивме минатата година, почнавме со производство на прогресивен формат на цигари, Честерфилд 7.0, а како што кажа колегата од пред месец дена почнавме со производство и на Малборо од таа фамилија. Целта е подигнување на стандардите на највисоко ниво, да ги пратиме светските текови во делот на производството на цигари“, вели Кире Станкоски, директор на ТКП.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи