ВИДЕО – „Еурокомпозит“ за утре најавија нов штрајк пред Влада, 3 недели немаат струја во фирмата

Еурокомпозит за утре најавуваат нов штрајк пред Влада. Велат дека повторно се соочуваат со истите проблеми немаат земено плата, немаат струја во фирмата 3 недели, а немале повеќе ниту работа. Незнаат како ќе функционираат понатаму. Вчера пак вицепремиерот Анѓушев кој беше во Прилеп, но не го посети Еурокомпозит, најави дека до 30 овој месец, 130 вработени ќе заминеле технолошки вишок.

 

 

„Слушавме вчера дека биле обезбедени услови за работа и дека струјата ќе биде пуштена. Повеќе од 3 недели нашата фабрика не работи, работниците се испуштени дома и му е кажано да чекаат повик за да се вратат на работа, а до кога ќе чекаме никој не знае. Вчера исто така во изјавите слушнавме дека луѓето ќе си заминат до 30 септември технолошки вишок и со реорганизација дека фирмава ќе продолжи да работи. Тие луѓе кои ќе си заминат технолошки вишок колку што ни кажаа нема да земат никаква отпремнина. Сите се со над 25 години стаж и им следува по 7 просечни плати. Ама нас ни кажаа дека фирмава нема пари, државава нема парии, кој ќе ги обештети тие луѓе незнаеме“, изјави Роберт Богданоски, претседател на синдикален одбор.

 

Анѓушев вчера рече дека после 1 октомври ќе започнела реорганизација на компанијата.

 

„Веќе до крајот на месецот до 30 септември ќе бидат прогласени технолошки вишок за да тие можат да си ги остварат своите права во рамки на законот. После 1 октомври ќе се премине во предстечајна реорганизација во која што се обезбедени инвеститори да може Еурокомпозит да продолжи да работи како нормална компанија, јас се надевам дека за 1 иили 2 години ќе можеме да застанеме вака и во Еурокомпозит да дека и таа државна компанија ја средивме, го реорганизиравме и го дадовме на инвеститор“, изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер.

 

Вработените пак велат дека не верувале повеќе во никакви ветувања.

 

„Ние испорачавме дел средства до МВР според договорот, но тами сме во минус, имаме доста за испорака. Но од Вицепремиерот ни беше ветено, 5 парчиња испорачајте, 5 ќе ви бидат платени. Ние испорачавме роба во вредност 10 милиони денари, а втора недела немаме земено ниту денар. Последната плата од 12.000 денари ја зедовме пред 1,5 месеци и ако се живее со тие пари јас незнам“, вели Цветан Бунтески, член на синдикален одбор.

 

„Јас мислам дека се ер лага, како што не лажат цела година. Во последниве 12–13 години има само лаги невидени и арамилуци. Претходната Влада направи невидени арамилуци, сега овие само што дојдоа исто арамилаци, не превзедоа ништо“, кажа Петар Трајкоски, вработен во „Еурокомпозит“.

 

Вработените потенциираат дека нема да се повлечат се до конечно исполнување на сите нивните барања.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien