Референдумот ќе го следат 383 домашни и 286 странски набљудувачи

Facebook
Twitter
Email
Print

Референдумот за договорот со Грција на 30 септември ќе го следат 383 домашни и 286 странски набљудувачи, објави Државната изборна комисија на својата веб страница.

 

Најмногу акредитирани домашни набљудувачи имаат Цивил-Центар за слобода – 282, Националниот ромски центар Куманово – 46 и Инклузива 40, МОСТ ќе го следи референдумот со 12, а Здружението ЕДУЛСЈ со тројца набљудувачи.

 

Од странските набљудувачи најбројни се на ОБСЕ-ОДИХР – 188, на Амбасадата на САД – 35 и Мисијата на ОБСЕ во Скопје 12 набљудувачи.

 

Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе го следи референдумот со осум набљудувачи, Амбасадата на Велика Британија со девет, амбасадите на Франција, Албанија и Унгарија со по шест, амбасадите на Турција и на Косово со по четири, Меѓународната фондација за изборни системи-ИФЕС и Комитетот за отворена демократија со по тројца набљудувачи, а двајца набљудувачи ќе има невладината организација The Earth Saviours Foundation.

 

За следење на референдумот се акредитирани и 47 странски новинари.

 

Рокот за поднесување барања за акредитации за набљудување на референдумот истече ноќеска на полноќ.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи