По 18-ти пат на спортскиот аеродром кај Прилеп се одржаа светските куп натпревари во воздухопловно моделарство „Прилеп куп – трофеј на Прилеп“ и „Светки куп Македонија“. На овие натпревари учествуваaт над 80 учесници од 13 држави. Според организаторот Здравко Тодороски, директор на натпреварите од Светскиот куп, конкуренцијата досега била најсилна.
„Да споменеме дека тука се европски екипни прваци, поединечни прваци, победници на светскиот куп, цела репрезентација на Русија, Шведска репрезентација, Бугарска, тука е собрана целата светска елита“, истакна Тодороски.
Според него се работело за спортски манифестации кои биле многу тешки за одржување затоа што бил потребен голем број на стручен кадар.
„Само како пример над 80 учесници бара потреба од 44 судии. Една огромна екипа која морам да напоменам дека сум задоволен затоа што успеваме низ годините да остручиме кадар за да ги извршува овие фунцкии“ вели Тодороски.
Учесниците од странство велат дека теренот во Прилеп е одличен за ваков вид на натпревари, а голем дел од нив тука доаѓаат веќе со години.
„Прв пат тука во Прилеп дојдов во 1975 година и од тогаш доаѓам постојано. Домаќините се одлични, теренот е добар, се одржуваат значајни светски и европски натпревари тука. Лани бевме како екипа од Србија светски првак во една од класите, а годинава сме европскли прваци“, потенцираше Радоје Благојевиќ, учесник од Србија.
„Започнав да се занимава со овој спорт кога имав само 10 години, летам цел мој живот. Мене ми се допаѓа овој спорт затоа што сум надвор, во природа, а во исто време треба да се користат и одердени техники за лета моделот. Условите тука се фантастични. Досега сум била тука 4-5 пати“, вели Пере Финдл, учесник од Шведска.
Услвоите за летање на спортскиот аеродром во Прилеп, поволните ветрови, се одлични и тоа е главниот адут за одржувањето на овие првенства.
„Летовите се изведуваат со ветар од 1 до 2 метри во секунда, што за странските натпреварувачи претставува големо задоволство поради тоа што во бордиските земји, Русија или во Србија, Панонија, ветровите се обично се движат 7-8 метри во секунда. За нив ова претставува олеснување и тие секако ќе постигнат високи резултати“, додаде Тодороски.
„Ова е многу убав спорт, може да се занимавате професионално или рекреативно. Теренот е убав, луѓето се гостопримливи. Досега не сум бил тука, но сите мои колеги го пофалија ова место. Целта на овој спорт е тоа што овој модел се влече на сајла 50 метри, се бара термички столб и се откачува во него да лета што е можно повеќе“, истакна Ненад Баточанин, учесник од Србија.
„Практикувам авиомоделарство веќе 3 години. Ме програсија за мајстор на спортот во 2017 година. Многу го сакам овој спорт, моментално се натпреварувам во Б1 категорија. Имам освоено многу медали досега. Интересно е што се запознаваме со многу луѓе, учиме јазици од многу земји“, рече Ванеса Вескова, учесник од Бугарија.
„Се занимавам со овој спорт од својата 6-та година, со него ме запозна мојот татко кој се занимава со ова преку 30 години. Многу ми е иинтересен затоа што тука доаѓам не само за натпреварување туку и за дружење. Во Македонија условите за летање се секогаш одлични и затоа сакам да доаѓам тука“, истакна Бојан Гостоиќ, учесник до Србија.
Натпреварите ќе траат два дена, денеска и утре.