Излезеноста во Прилеп до 15 часот 25 %

Излезеноста во Прилеп до 15 часот, на референдумот на кој граѓаните гласаат по прашањето „Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“, според ОИК е 25 %.

 

Во Крушево до 15 часот излегле 28.86% од граѓаните со право на глас. Во Кривогаштани процентот на излезеност е 15.02%, а во општина Долнени до 15 часот гласале 26.5% граѓани.

 

Инаку утрово навреме беа отворени сите 142 гласачки места во Општина Прилеп, каде право на глас имаат 64.309 граѓани.

 

Засега според ОИК гласањето се одвива без проблеми, во мирна и демократска атмосфера.

 

Гласањето започнало навреме и засега се одвива во мирна атмосфера и во општините Крушево, Кривогаштани и Долнени.

 

Во Крушево на 22 избирачки места своето право на глас можат да го остварат 7933 лица. Во Кривогаштани на 13 избирачки места ќе гласаат 4.740 гласачи, а во општина Долнени на 40 избирачки места своето право на глас ќе можат да го остварат 11.580 гласачи.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.