Излезеноста во Прилеп до 13 часот, на референдумот на кој граѓаните гласаат по прашањето „Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“, според ОИК е 19.05 %.
Во Крушево до 13 часот излегле 20.77% од граѓаните со право на глас. Во Кривогаштани процентот на излезеност е 10.38%, а во општина Долнени до 13 часот гласале 16.5% граѓани.
Инаку утрово навреме беа отворени сите 142 гласачки места во Општина Прилеп, каде право на глас имаат 64.309 граѓани.
Засега според ОИК гласањето се одвива без проблеми, во мирна и демократска атмосфера.
Гласањето започнало навреме и засега се одвива во мирна атмосфера и во општините Крушево, Кривогаштани и Долнени.
Во Крушево на 22 избирачки места своето право на глас можат да го остварат 7933 лица. Во Кривогаштани на 13 избирачки места ќе гласаат 4.740 гласачи, а во општина Долнени на 40 избирачки места своето право на глас ќе можат да го остварат 11.580 гласачи.