Излезеноста во Прилеп до 11 часот, на референдумот на кој граѓаните гласаат по прашањето „Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“, според ОИК е 11.49%.
Во Крушево до 11 часот излегле 9.9% од граѓаните со право на глас. Во Кривогаштани процентот на излезеност е 5,1%, а во општина Долнени до 11 часот гласале 6,5% граѓани.
Инаку утрово навреме беа отворени сите 142 гласачки места во Општина Прилеп, каде право на глас имаат 64.309 граѓани.
Според претседателката на ОИК, Каролина Шукуроска, засега гласањето се одвива без проблеми, во мирна и демократска атмосфера.
Гласањето започнало навреме и засега се одвива во мирна атмосфера и во општините Крушево, Кривогаштани и Долнени.
Во Крушево на 22 избирачки места своето право на глас можат да го остварат 7933 лица. Во Кривогаштани на 13 избирачки места ќе гласаат 4.740 гласачи, а во општина Долнени на 40 избирачки места своето право на глас ќе можат да го остварат 11.580 гласачи.