ВИДЕО – Нема пари за отпремнина за 130 вработени од Еурокомпозит кои ќе се прогласат за технолошки вишок

Владата донесла решение за прогласување на технолошки вишок на 130 вработени во „Еурокомпозит“, но без да им плати отпремнина. Вработените денеска повторно се заканија со штрајк пред Влада во Скопје затоа што никој не сака да си оди од работа без овие средства. Поради нестабилната политичка ситуација и најавата за нови избори се плашат дека воопшто нема да бидат внесени во новиот закон за технолошки вишок за кого бараат да биде изгласaн под итна постапка.

 

 

 

 

„Постапката за технолошки вишок е при крај. Нас вчера ни дадоа едно соопштение, под кои услови треба да си одат овие 130 вработени, за да влезат во законот. Значи тие услови се да си одат веднаш, да бидат под трудот, а опремнина да не земат во моментов, туку опремнината да им остане во побарување. Значи во ниту еден закон тоа не го пишува дека опремнината останува во побарување, туку пишува дека на самиот ден на потпишување на тоа решение дека треба да им се исплати опремнина. На овие вработени опремнината им е пресметана на сите во висина на 7 просечни плати. Овие луѓе излегоа овде со револт и понатаму да продолжиме да бараме, дали од страна на Владата, или од страна на директорот, некој да го реши овој проблем, да им ја исплати таа опремнина, да дадат една цврста гаранција дека овие луѓе ќе влезат во процесот за технолошки вишок, односно до нивно пензионирање да земаат некој надомест. Сите гледате дека ситуацијата во државава е таква сега, сите овие вработени викаат дека можно е да има избори, па на тоа не се надеваат дека ќе го донесат тој закон. Затоа нашиот револт повторно ќе треба да го искажиме со протестирање и активирање на штрајкови“, изјави Робертм Богданоски, претседател на синдикатот на Еурокомпозит.

 

Вработените се чувствуваат изиграни од Владата која постојано им ветувала ништо, но многу малку исполнувала.

 

„ Седум години придонеси, 27 заостанати плати, 27 К-15 заостанати, државна фирма сме и ни следува со закон. Ништо немаме добиено од тоа и уште не тераат да се откажеме од опремнината, да се потпишеме сега и да си одиме како инвалиди или социјални случаи. Доколку не се исплати опремнина овие 130 луѓе остануваат дел од Еурокомпозит. Деновиве се спремаме, ќе одиме Скопје пред Влада пак да се видиме, да се посетиме“, вели Стојан Неделкоски, член на синдикален одбор.

 

„ На последниот состанок кога бевме кај Анѓушев, рече дека нема да има опремнина, но даде една мала надеж дека ќе видат, да направи уште еден напор, бидејќи ние дадовме отстапки. Рековме дека придонесите, за кои нас најмногу не боли сите овде, да се исплатат кога ќе се продаде фирмата, тоа е една отстапка од нас. Сега и опремнината, ќе биде вистина премногу. Да најдеме напори овие денови, да се исплати таа опремнина. Се работи за десетина милиони денари, не е ни голема пара за Владата, да се донеси брзо законот за технолошки вишок, да влезиме, да се ослободи фирмата од тие 130 луѓе, да може да работи рентабилно и да се продаде“ , Пеце Вељаноски, член на синдикален одбор.

 

Доколку не им се исполнат барањата вработените во оваа државна компанија најавувата нови протести и блокади во Скопје.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи