Но, на второто место повеќе не се Англичаните. Лошите настапи во Лигата на шампиони (ЛШ) и незаинтересираноста во Лигата на Европа (ЛЕ) значеа пад. Успесите на Јувентус во ЛШ им помогнаа на Италијанците прво да ги прескокнат Германците, а сега и Англичаните.
По четири победи во ова коло во Лигата на шампиони на Јувентус, Рома, Интер и Наполи , а тоа не се случило од 2005 година, Серија А сега има коефициент од 67.740 пред Премиерлигата, која има 67.177, а Германците имаат речиси 62.000.
Сезонава Интер го победи Тотнем, Наполи вчера истото го направи против Ливерпул, а на Манчестер јунајтед му следи дуел со Јувентус. Во ЛЕ, Милан почна со победа против Дуделанж, а денеска го пречекува Олимпијакос и сакаат поввторно триумф.
Ако се суди според моменталната форма, Серија А полека го враќа загубениот примат во Европа.