Според полицијата околу 15.50 часот во ПС Крушево од Клинички центар Битола било пријавено дека кај нив бил донесен повреден параглајдерист. На повредениот му била дадена лекарска помош по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид.
По извршениот разговор со С.М. е констатирано дека со повредите се здобил истиот ден, кога од Крушево полетал со параглајдер и паднал во близина на крушевското село Острилци.