Владата денеска во 16 часот ќе одржи вонредна седница со единствена точка на дневен ред, Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија.
По седницата, предлогот ќе биде доставен до Собранието, каде што очекуваат измените да го добијат потребното мнозинство, согласно изразената волја на граѓаните на референдумот од 30 септември, велат од Владата.
Предлог измените на Уставот произлегуваат од договорот со Грција за решавање на 27-годишниот спор за името.
Во текот на оваа недела треба да бидат познати следните чекори во врска со целокупниот процес на имплементација на Договорот од Преспа и натамошните перспективи за интегрирање на земјата во ЕУ и НАТО.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и натаму стои на ставот дека нема да поддржи уставни измени, а власта нагласува дека ќе стори се што е во нејзина моќ да го обезбеди двотретинското мнозинство, во спротивно ќе се оди на предвремени избори.
За усвојување на аманмадните за промена на Уставот портребно е двотретинско мнозинство, или 80 од вкупно 120 пратеници.