Русија на Сирија и подари три комплета од ракетниот систем С-300ПМ, од кој секој содржи осум лансери, јави ТАСС повикувајќи се на воени дипломатски извори.
„На први октомври, три баталјонски комплети од системот С-300ПМ со по осум лансери и се испорачани на Сирија“, изјави неименуван извор.
Тие системи, според зборовите на истиот извор, претходно биле распоредени во еден од полковите на руските воздухопловни сили, кои сега ги користат системите „Триумф“ – С-400.
„Системите С-300 се ремонтирани во руските воени компании, во добра се состојба и способни се да извршат борбени задачи“, изјавил истиот извор, напомнувајќи дека системите С-300ПМ на Сирија и се испорачани без никакви трошоци за сириската страна.