Инцидент на границата со Грција: Патрола на АРМ пукала во воздух во обид да спречи илегално преминување на границата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Со неколку истрели во воздух на границата со Грција војници на АРМ спречиле група мигранти нелегално да влезат во наша територија. Еден од мигрантите е уапсен, додека другите се вратиле на територија на нашиот јужен сосед.

 

Од АРМ информираат дека при патролирање во реонот на регионалниот пат Гевгелија – село Моин, во реонот на живинарската фарма, било забележано движење на група луѓе кои нелегално ја поминале граничната линија.

 

„Следејќи ги пропишаните правила и процедури во вакви ситуации  од страна на патролата неколкупати е упатено гласно предупредување лицата да запрат со движењето, но поради нивно натамошно движење, биле истрелани неколку предупредувачки куршуми во воздух, по што нелегалните минувачи се вратиле назад на грчка територија, додека еден од нив кој застанал е задржан и предаден на органите на МВР за натамошна постапка“, изјавија од АРМ.

 

Од македонската армија уверуваат дека АРМ со припадниците на граничната полиција остануваат максимално подготвена за спречување на сите обиди на нелегално влегување на територијата на нашата држава од почетокот на мигрантската криза.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи