Следната недела започнуваат пристапните преговори за членство во НАТО

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Република Македонија на 18 и 19 октомври во седиштето на Алијансата во Брисел официјално ги почнува пристапните разговори за членство во НАТО.

 

Како што информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски, на вчерашната владина седница е разгледана и усвоена информацијата за формирање Работен комитет што ќе биде задолжен да ги спроведе пристапните разговори.

 

Тој посочи дека Македонија е целосно подготвена за овие разговори и посочи дека официјалната делегација од Владата во која ќе има членови од повеќе ресорни министерства и институции ќе ја предводи националниот координатор Стево Пендаровски.

 

„Ние сме подготвени целосно и Работниот комитет за интеграција на Република Македонија во НАТО работи веќе подолго време“, рече Бошњаковски.

 

Тој додаде дека процесите се одвиваат паралелно за полноправно членство и посочи оти за полноправно членство потребно е и целосна имплементација на Договорот од Преспа, прво во Парламентот на Македонија, односно усвојување на уставните промени, а потоа и негова ратификација во Парламентот во Атина.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи