Во петок 12 октомври 2018 во 19.00 часот во ликовниот салон од ЦК„Марко Цепенков“ ќе се одржи целовечерен концерт, на кој ќе настапат Бобан Рајчиноски – тенор, во пијано придружба на Милан Јанкулоски. Концертот е во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“ на Министерството за култура.
Бобан Рајчиноски е роден на 15.04.1991 година во Битола.
Своето музичко образование го започнува во основното музичко училиште ” Ордан Михајлоски – Оцка ” во Прилеп, отсек хармоника. Во 2006 година се запишува во државното музичко училиште во Битола, отсек соло пеење во класата на проф. Магдалена Наумоска. Во 2009 година на државниот натпревар по соло пеење освојува прво место. Во 2010 година учествува на музичкиот фестивал во Москва “Откритаја Европа”, истата година на фестивалот “Езерски бисери” во Струга, зема лауреат втор степен во категорија академски вокал. Дипломира на факултетот за музичка уметност во Скопје кај проф. Билјана Јакимовска, а потоа магистрира на истиот факултет кај проф. Игор и Ана Дурловски, кај кои посетува и мастерклас.
За време на студирањето е член на академскиот хор “Драган Шуплевски” под водство на маестро Сашо Татарчевски кој добива високи меѓународни признанија во Италија, Франција, Полска, Бугарија и др. Од 2013 година е активен член на професионалниот хор “Про Арс ” по водство на маестро Сашо Татарчевски со кој активно настапува на домашна и меѓународна сцена. Трикратен учесник на “Млади оперски надежи” – концерт посветен на проф. Коста Трпков во придружба на оркестарот на Македонска опера и балет. Настапува на Есенски музички свечености со дело од македонски автор. Од 2015 година хонорарен соработник на Македонска опера и балет, активен учесник во нејзините проекти.
Милан Јанкулоски е роден на 23.09.1989 во Скопје. Своето музичко образование го започнува на 9 годишна возраст во ДМБУЦ “Илија Николовски Луј” во Скопје каде и го завршува средното музичко образование во класата на проф. Снежана Анастасова Чадиковска.Дипломира и магистрира на факултетот за музичка уметност во Скопје во класата по пијано на проф. Марија Ѓошевска. Учествува на повеќе државни и меѓународни натпревари каде што е добитник на повеќе награди.
Реализира настапи на фестивалите: “Скопско лето”, “Денови на македонска музика”, “Есенски музички свечености”, “Musica viva”, ”Бит Фест”, “Festval of the Aegean”, “Berlin
Opera Studio”…Реализирал концерти и настапи во Македонија, Грција, Србија, Италија, Кина, Словенија, Хрватска и Германија. Како камерен музичар реализира бројни концерти со своите колеги од факултетот за музичка уметност и со колеги од странство. Настапува и како солист со македонска филхармонија.Работел како пијано соработник во класата по соло пеење на проф. Славица Петровска Галиќ, Билјана Јовановска и во класата на проф. Олег Кондратенко по виолина на факултетот за музичка уметност во Скопје.
Во моментов работи како професор по пијано во ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј” во Скопје.