ВМРО-ДПМНЕ: Иако Јованоски предизборно ветуваше ревитализација на чаршијата, Прилеп не доби грант за тоа

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Пред неколку дена министерот за економија Бектеши ги потпиша договорите со општините Центар, Чаир, Битола и Охрид за имплементација на проектот „Ревитализација на излозите на старата чаршија“. За потсетување во предизборните ветувања ваков проект имаше и градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, кој предизборно соопшти дека ќе се реставрира старата прилепска чаршија. Истакнаа денеска на прес конфернција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Но Прилеп изостанува од листата на Општина со кои беше потпишан договор за ревитализиација на овој проект, па така на виделина исплива уште едно празно ветување. Прилеп не доби грант како останатите општини за средување на излозите и фасадите на дуќаните во старата чаршиија, но затоа доби објкети кои никнаа преку ноќ, на диво, во срцето на градот, спротивно на законите.

 

Очигледно министерот Сугарески не сака да му биде нарушен бизнис комодитетот. Прилеп не доби грант, па како резултат на тоа штета ќе трпат сите дуќанџии, изгледот на чаршијата и економскиот бенефит што би го имале дуќанџиите доколку успешно се реализираше овој проект.

 

Жално и срамота е што општина Прилеп и Заводот и Музеј Прилеп наместо да го заштитат ова подрачје, кое подлежи под законска заштита, дозволуваат никнување на диви противзаконски градби со кои се задоволуваат апетитите за бенефит на политички моќници, блиски до СДСМ.

 

Досегашното владеење како на централно, така и на локално ниво се покажа како владеење строго во интерес на неколкумина, додека обичниот граѓанин е оставен на милост и немилост да врзува крај со крај. Затоа ова погубно, владеење на СДСМ мора што поскоро да заврши. За доброто на Македонија, за доброто на Прилеп и прилепчани“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи