Се наоѓаме пред сала Македонија, каде во предизборната кампања беше ветен проектот „Здравствено спортско рекреативен центар“ со покриен базен. Денес присуствуваме на пуштањето во употреба на овој центар. Истакнаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Конечно прилепчани дочекаа да се реализира уште едно од многуте ветувања на градоначалникот Јованоски, кој вети еден ваков модерен центар за децата со искривен рбет, мајки со бебиња, повредени спортисти за физикална терапија. Исто така благодарни сме и за реализацијата на вториот дел од овој проект, кој е наменет за рекреативно пливање, фитнес центар и колективна гимнастика.
Прилепчани со нетрпение ја чекаат и реставрацијата на прилепската чаршија, спортско-рекреативниот центар „Вештачко езеро“, зоната за кампување, патеките за велосипедизам, за трчање и пешачење, со платформата за безбедно пливање, како и спортските терени за тенис, одбојка, кошарка, кои ги вети градоначалникот Јовански.
Со вакви темпо на работа на локалната власт, изгледа на прилепчани освен чекањето, нема ништо друго да им остани“, вечат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.