Денеска во Припеп беше одбележан Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври со положување на свежо цвеќе на спомениците на Ѓорче Петров и Пере Тошев. Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп истакнаа дека Македонија отсекогаш раѓала луѓе кои ја продолжувале борбата за независна и современа држава, а така ќе било и сега.
„Денеска во едни тешки и мрачни времиња за Македонија, оддадовме почит за великаните на Македонската револуционерна борба. Борбата за Македонија отсекогаш била тешка и жолчна, но победата ја носеле оние кои биле на вистинската страна, на страната на Македонија. Предавници имало и ќе има, но на страните на историјата се слават оние кои борбата ја воделе за татковината, не за своите лични интереси. Македонија отсекогаш раѓала луѓе, кои ја продолжувале борбата за независна и современа држава. Така ќе биде и сега и ќе има такви кои ќе ја продолжат борбата и опстанокот на Република Македонија. Борбата за Македонија никогаш не запира, нека е честит денот на Македонската револуционерна борба. Да живее Република Македонија“, истакна Дејан Проданоски, потпретседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.