ВИДЕО – Јованоски : Во овие тешки политички моменти треба сите да се обединиме и да ја градиме нашата европска Македонија

По повод Денот на македонската револуционерна борба  – 23 Октомври денеска во Прилеп свежо цвеќе беше положено на спомениците на Ѓорче Петров и Пере Тошев. Градоначалникот Илија Јованоски им го честиташе празникот на сите граѓани со желба за обединување и помирување на сите граѓани на Република Македонија.

 

„Сакам да го честитам денешниот национален празник за македонската борба, на нашата револуција воопшто. Сакам на нашите граѓани да им го честитам овој ден и да посакам обединување и помирување на сите граѓани на Република Македонија, затоа што во овие тешки политички моменти, кои што се вистински предизвик за нашата држава, треба да најдеме можност сите заедно да се обединиме и со заедништво да продолжиме да ја градиме нашата европска Македонија.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи