Витаминка успешно претставена на саемот СИАЛ во Париз

Македонската компанија Витаминка е дел од најголемиот светски саем за храна СИАЛ Париз 2018. Македонските производи се предмет на интерес на големи странски компании со оглед на досегашната репутација на Витаминка и нејзиниот голем пласман во делот на широк спектар солени и слатки производи. Се прават суштински разговори за влегување во нови договори.

 

„Повеќегодишното присуство на Меѓународниот саем СИАЛ во Париз дава резултати. Сепак станува збор за најголемиот настан за храна. Секоја години бројот на изложувачи ја надминува бројката од 7000 од над стотина држави. Тука не само што има голем потенцијал, туку тој потенцијал го искористивме за почетни преговори за соработка со големи добавувачи. Во исто време, на овој начин ги следиме светските трендови во производство на храна и тука сме за размена на искуства, запознавање на нови пазари и нови начини на комуникација“, изјави Љупчо Велески, директор на сектор извоз во Витаминка.

 

Витаминка е водечка регионална компанија во делот на кондиторијата и присуството на ваков тип саеми е од исклучително значење за воспоставување директен контакт со дистрибутери, ланци на маркети но исто така и со самите потрошувачи.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи