Заев: Учиме од историјата, чекориме силно и храбро кон иднината

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, им го честита на граѓаните празникот „Ден на македонската револуционерна борба – 23 октомври“, со порака сите идни предизвици – за мир, стабилност, подобар живот во Македонија, да ги водиме заеднички.

 

„Храброста на дејците на македонската револуционерна борба, на кои денес им се поклонуваме и ги чествуваме, е мотивот кој не води секој ден на патот Република Македонија да ја исправиме пред светот како достоинствена во нејзиното единство и во остварувањето на државните цели. Учиме од историјата – чекориме силно и храбро кон иднината. Пруживме рака за помирување со сите наши соседи. Да си пружиме рака и дома како вредност која е одлика на големи народи и нации“, пишува во честитката на премиерот Заев, во која уште упатува повик да чекориме цврсто и одлучно кон европското семејство заедно, затоа што изолација никогаш не носи ништо добро.

Патриотизам е, нагласува Заев во честитката по повод празникот, кога им го градиш патот на идните генерации, правејќи држава признаена од сите, како што се стремеа и основоположниците на македонската револуционерна борба и држава на која ќе бидеме горди, вложувајќи се себеси, како што се вложуваа плејадата учесници во создавањето на нашата државност.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи