Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на општина Карпош го исклучи од партијата поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.
Тодоров во текот на вчерашниот ден побара неговите сега веќе поранешни сопартијци да го повикаат на состанокот и да му ги презентираат фактите, а тој да ги каже своите аргументи.
За разлика од Мијалков, добил шанса да го каже својот став околу одлуката на Централниот комитет за негово исклучување, но тоа и не му помогнало пред дисциплинската комисија, чија одлука за негово исклучување била едногласна.
Ова доаѓа откако во понеделникот вечерта Централниот комитет донесе едногласна одлука двајцата да бидат исклучени.