ВИДЕО – Талевски: Формирањето на ЈП за енергетика е неопходно за подготвување на теренот за гасификација

Денеска Советот на Општина Прилеп донесе одлука за формирање на ново јавно претпријатие, кое ќе има дејност во енергетиката „Енерго Прилеп“. Претседателот на советот Миле Талевски рече дека претпријатието ќе се се занимавало со подготвување на целокупниот терен за имплементација на гасоводот на територијата на Општина Прилеп. Но не даде одговор кога точно Прилеп ќе добие гас.

 

 

„Знаете дека тоа е едно од предизборните ветувања кое што ние како владеачка партија го дадовме пред граѓаните на Општина Прилеп и ги правиме сите подготовки кои што се однесуваат во тој правец, а тоа да ги извршиме сите подготовки, физибилити студија, испитувања и да го подготвиме теренот, со цел да бидеме подготвени за имплементација на гасоводот на подрачјето на Општина Прилеп. Знаете дека гасот е природен енергенс кој што е поефтин од другите енергенси и сите заедно се стремиме што побрзо да ја имплементираме  гасификацијата на Општина Прилеп. Тоа е надлежност на ова јавно претпријатие, кое што има обврска во наредниов период максимално да се организира, да се подготви, знаете дека постапката за формирање на јавно претпријатие е подолга, имаме обврска ние во перидот кој претстои понатаму да го утврдиме статутот, да ја утврдие точната дејност на ова јавно претпријатие, да се изберат управни органи, органи кои ќе раководат со ова претпријатие, со цел да бидеме максимално подготвени како Општина Прилеп за имплементацијата на гасификацијата на општина Прилеп“, рече Талевски.

 

Талевски додаде дека засега претпријатието немало директор туку лице кое што ќе ја води постапката до формирање на ова јавно претпријатие за гасификација на Прилеп.

 

„Обврската на ова претпријатие ќе биде тоа да го подготви теренот за реализација на гасификацијата. Од негова страна, од лицето кое што е претставник на ова идно јавно претпријатие, беше укажано дека има голем број недоследности на претходно изработената физибилити студија и со реалната структура и реалната поставеност на терен со протокот на гасификацијата, на пумпите, станицата, процентот на притисокот кој треба да го има гасот на целокупната територија на градот, така да ова е една сериозна активност која треба да ја преземе ова претпријатие, со цел подготовка на целокупниот терен за реализација на гасификацијата. Тоа подразбира урбанистичко средување со секторот за урбанизам, со подготовка и комуникација со голем број на јавни претпријатија, голем број на приватни акционерски друштва, подземниот катастар кој треба да се предвиди, значи сите обврски ќе ги има ова јавно претпријатие да изврши подготовка и да бидеме максимално спремни за овој процес што побрзо да го реализираме, за да имаме побрз ефект од тоа што значи гасификација на Прилеп. Знаете, тоа е процес од неколку фази, 3 фази, први ќе бидат опфатени објектите кои што се во надлежност на локалната самоуправа, поголемите потрошувачи на енергенси кои што се на ниво на државна сопственост, училиштата, итн, со цел процесот да го реализираме и да бидеме ние подготвени за тоа што значи целокупна гасификација на општина Прилеп“, истакна Талевски.

 

Советот денеска донесе одлука за обештетување на земјоделците од невремето.

 

„Денеска Советот на Општина Прилеп донесе одлука за измена на буџетските средства. Знаете дека подрачјето во јуни беше зафатено со сериозно невреме, каде граѓани во областите на невремто претрпеа сериозна штета и ние како одговорна локална самоуправа, заедно со градоначалникот презедовме обврска, во рамките на можностите на буџетот на Општина Прилеп, да одвоиме средства со цел да ја ублажиме штетата што ја претпеа овие граѓани. Од страна на буџетот се одделени 6 милиони денари. Јас како претседател на Совет ги задолжив комисијата за финансирање и буџет и комисијата за елементарни непогоди во најбрз временски период да го утврдат начин на распределба на овие средства. Знете дека Советот и локалната самоуправа не се надлежни да извршат обештетување на овие граѓани зафатени со најразлични елементарни непогоди, но сепак на добра волја на Советот денеска се донесе одлука, тоа што им го ветивме на граѓаните го исполнивме, во рамките на можностите на буџетот, се одвои 6 милиони денари, за да ја ублажиме штетата која им беше нанесена на граѓаните. Дополнителна надлежност има второстепената владина комисија, ние ги изготвивме сите потребни документи и лаборати, тоа е доставено до комисијата и тие во најбрз временски период ќе извршат проценки и обештетување на овие граѓани. Владата на Република Македонија преку второстепената комисија има обврска да изврши обештетување на сите граѓани кои имаат претрпено штета од елементарни непогоди“, кажа Талевски.

 

Денеска Советот на Општина Прилеп одвоил 1.2 милиони денари за помагање на ракометниот клуб Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи