„На влезот во управната зграда на ФСБ во Архангелск одекна експлозија. Околностите се утврдуваат“, изјави претставник на Националниот антитерористички комитет.
Прелиминарно, експлозивната направа била внесена во објектот од страна на 17 годишен жител, кој загинал кога го активирал експлозивот. Тинејџерот, чиј идентитет е веќе утврден, користел рачно изработена експлозивна направа.
Тројцата повредени во експлозијата се вработени во локалната канцеларија на ФСБ.
На местото работат истражители и криминалисти, кои ги распрашуваат сведоците и собираат материјал за експертиза. Формирано е кривично дело за терористички напад и незаконско носење на оружје.
„Случајот ќе биде под истрага од централниот апарат на Истражниот комитет во Москва, кој ќе го истражуваат кругот на познати на момчето и неговите евентуални мотиви“, изјави портпаролката на федералната истрага Светлана Петренко.