Се асфалтира улицата „Ладо Лапецо“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Општина Прилеп ја реализира комуналната програма предвидена за оваа тековна 2018 година, со која е опфатена и една од најголемите прилепски населби, Точила. Моментално се работи на улицата „Ладо Лапецо“, на потегот од улицата „Војводинска“ до улица „Егејска“. Покрај асфалтирањето, се изврши отстранување на стариот оштетен и дотраен асфалт на површина од 2.100 м2, при што целосно беше отстранета целата стара подлога.

 

„Се врши асфалтирање на улицата „Ладо Лапецо“, на потегот од улицата „Војводинска“ до улица „Егејска“ во должина од 400 метри и површина од 2.100 м2. Стариот асфалт беше дотраен и мораше да се замени со нов. Со овој инфраструктурен зафат ќе се подобрат условите за возење, а воедно и овој дел од градот ќе добие нов лик“, вели Благоја Богоески, задолжен за надзор на градежните работи.

 

Со комуналната програма на локалната самоуправа за 2018 година, опфатени се и градот и населените места. Во зависност од временските услови, активностите за комунално уредување ќе продолжат и во наредниот период, согласно предвидената динамика.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи