Автопатот Кичево-Охрид долг 57 км. ќе чини дополнителни 187 милиони евра или вкупно околу 600 милиони евра

Facebook
Twitter
Email
Print

Владата го подготви 3. анекс договор за изградба на автопатот Кичево-Охрид, чија вредност е 187 милиони евра, кои исто така треба да се обезбедат преку кредит од кинеската Ексим банка.  Од Владата велат дека сепак со овој анекс успеале да заштедат 95 милиони евра бидејќи ако продолжила градбата по старите цени ќе биле потребни 282 милиони евра.

 

„Сега автопатот по стапување на сила на овој анекс ќе почне да се гради со посакуваниот интензитет, а тоа значи дека тој мора да заврши крајно до средината на 2021 година“, рече Кочо Анѓушев, вицепремиер.

 

По стапување на сила на анексот, изведувачот во рок од 28 дена треба да подготви детална програма за работа според реалните услови на терен согласно договорените позиции.

 

„Свесни сме дека дел од граѓаните ќе негодуваат дека повторното задолжување на државата за доизградба на автопатот, но не постои друго рационално решение. Штетите се направени од претходната Влада, а ние моравме да преговараме со врзани раце. Некој претходно тргнал да гради без да предвиди клучки и пристапни патишта. Некој претходно тргнал да гради без соодветна заштита за да не дај боже утре да не може цела планина да се свлече на делницата“, вели Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

 

Со  анексот предвидена е изградба на 9 клучки и алтернативен пат, како и дополнителни работи во тунелот Пресека. Сите пропусти за вода на целата траса и ископите за стабилизација на косините и санација на свлечиштата на целата траса.

 

„Пред нас следува тежок период и на изградба, но и на решавање на проектните задачи, бидејќи за многу проблеми што ни се остаени имаме проекти, за многу од нив тек ќе се проектира. Значи во од ќе се решаваат сите технички решенија  во соработка со градежниот факултет. Веќе ја немаме таа ситуација да експропријацијата која е веќе започната овој проект денес е веќе завршена 98%. Единствено може да се јават во додатните работи“, истакна Зоран Китанов, директор на ЈП Државни патишта.

 

Вкупната должина на автопатот е 57 километри и треба да биде готов во 2021 година… Започна да се гради во 2014тата година, а првичната проценка беше дека ќе чини 411 милиони евра.

 

Го гради кинеска СИНОХИДРО, која сега ќе треба да одбере и нов подизведувач поради проблемите со кои се соочува ТРАНСМЕТ.

 

За начинот на кој е избраната компанијата СИНОХИДРО, СЈО отвори и случај Траекторија, под сомнение за проневера на над 155 милиони евра.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи