ВИДЕО – Се пошумуваше пределот кај манастирот „Св. Преображение“ во Крушево, организатор компанијата „СЕКЕ“

Со над 1.200 садници на сребрена смрча, дуглазија и црн бор денеска беше пошумен пределот околу манастирот „Св. Преображение“ во Крушево, во чија изградба активно учествуваше и нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески. Организатор на ова пошумување е тутунската компанија СЕКЕ.

 

 

„По трет пат СЕКЕ дооел Прилеп организира пошумување на места кои се определени од страна на Општина Крушево, нашата фирма работи веќе 3 година во Општина Крушево и имаме акција која што се нарекува „Засадии дрво, засади надеж“. Тоа е дел од нашата програма и ја работиме во соработка со Општина Крушево, благодарност до градоначалникот на Крушево, до МШ и министерот за земјоделство Љупчо Нииколовски“, истакна Јане Станкоски, директор на СЕКЕ.

 

Од МШ истакнуваат дека ова е дел од нивната редовна програма за пошумување.

 

„Со укинувањето на денот на дрвото не значи дека прекинува пошумувањето. По редовните планови на Македонски шуми ниеи вршиме пролетни и есенски пошумувања“, рече Зоран Георгиев, генерален директор на МШ.

 

Од Општина Крушево велат дека овие садници уште повеќе ќе ја збогатат атрактивноста на ова место поврзано со Тоше.

 

„Да создадеме повеќе зелени површини, да не се сечат дрвјата, да создаваме побати шуми ии со тоа правиме уште поголема промоција на туризмот во нашиот град“, кажа Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

 

 

 

 

 

Инаку манастирот „Свето Преображение“ започна интензивно да се гради по смртта на Тоше како негова желба и аманет. Во моментов активно се работи на фрескоживописување на црквата, која е насликана 1/3, се очекува да биде завршена за година и половина. Денес манастирот е едно од најпосетуваните места во Македонија.

 

„Посетеност има од сите ЈУ републикии, а најмногу има од Македонија доаѓаат и групи пензионери, средношколци. Доаѓаат и Јапонци фии иима и од Русија, а најмногу се присутни нашинците кои се наоѓаат во дијаспората“, рече Ѓуше Илиески, член на управниот одбор на манастирот.

 

 

 

 

Членот на управниот одбор на манастирот Ѓуше Илиески вели дека туристите тука најмногу ја посетувале црквата и спомен собата која се наоѓа во конаците и каде се наоѓаат и лични работи од Тоше, како неговиот кревет. Пред да загине сакал на ова место да одржи концерт.

 

„Негова замисла беше да одржи хуманитарен концерт на овој простор, но кобната сообраќајка не му дозволи да го реализира тоа“, додаде Илиески.

 

Во чест на Тоше вечерва во Скопје во салата „Борис Трајковски“ фановите на Тоше ќе може да уживаат во промоцијата на неговиот најнов албум со 10 песни насловен како „Secret place“, а исто така ќе можат да ги погледнат и 3-те нови видео спота изработени во Македонија. На концертот е планирано да присуствуваат и повеќе македонски и балкански музички ѕвезди.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи