Во прилепскиот Центар за јавно здравје денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип. За Прилеп се обезбедени 2.000 бесплатни и 800 вакцини кои чинат по 650 денари.
Според епидемиолог доктор Татијана Станимировиќ од Центарот за јавно здравје, од изутрината се вакцинираат граѓаните, а пензионерите над 65 години и со пензија помала од 14.480 денари ги користат тие 2.000 бесплатни вакцини.
„Овие граѓани треба да донесат упат од матичен лекар преку мој термин и со чек од пензијата може да се вакцинираат бесплатно. Има интерес и вакцинанцијата се спроведува без проблеми“, рече Станимировиќ.
Инаку во сите центри Центри за јавно здравје во земјава денеска почнува вакцинацијата против сезонски грип. Годинава обезбедени се 41.000 дози вакцини, од кои 28.000 се наменети за лицата над 65 години што немаат пензија или пензијата што ја добиваат е пониска од 14.480 денари.