Граѓаните со ниска доверба кон институциите – најниска доверба за судството и антикорупциска

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Генерално, се намалува довербата на граѓаните во институциите во земјата, но и во медиумите и во граѓанските организации.Само полицијата и обрзованието ја уживаат довербата од половина од граѓаните, додека сите останати институции имаат доверба на помалку од 40 проценти од испитаниците. Најниска е довербата во судството, потоа во Државната комисија за спречување на корупцијата, здравството, пазарната инспекција и обвинителството.

 

„Постои исклучително висока перцепција дека постои широко распространета корупција во сите институции. Перцепцијата за постоење корупција во полицијата, информира, е околу 65 проценти од анкетираните, кои сметаат дека е распространета до највисоко ниво. Ако се анализираат резултатите за одделните делови на полицијата, сообраќајната полиција се смета за најкорумпирана, по што се најблиските соработници на министерот и граничната полиција. Најголемиот проблем според перцепцијата на граѓаните, посочи, е политизацијата“, вели Магдалена Лембовска, истражувач за безбедносни прашања во центарот Аналитика.

 

Наодите од истражувањето покажуваат дека е потребна итна деполитизација на администрацијата, а борбата против корупцијата треба да стане врвен приоритет за власта.

 

Во спротивно, како што велат од Аналитика, довербата на граѓаните во институциите дополнително ќе се намалува.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи