Бугарски пасош за 1.000 евра

Facebook
Twitter
Email
Print

Македонците за бугарски пасош плаќале 1.000 евра, Косоварите и до 5.000 евра, тврди сведок за БТВ. Со кандидатите за бугарски пасоши работеле над 100 посредници кои помагале во собирање документи и адреси за регистрација.

 

“Најчесто, поединците плаќаа меѓу 300 и 500 евра за побрзо издавање на документот. Ние имаве поделба од која земја е апликантот. Реално, дали има основа од таа земја да бидат издавани документи на лица со бугарско потекло, како и дали се со муслимански или христијански имиња”, објаснува вработен во Агенцијата за Бугари во странство.

 

Лице кое ги знаело шемите за БТВ зборува за Корупциската шема во Агенцијата за Бугари во странство, поради која беше уапсен шефот на Агенцијата за Бугари во странство и уште 19 лица.

 

„Најлесно се станува Бугарин ако лицето отвори фирма во Бугарија и назначи 10 вработени, изјавил соговорникот. Врз основа на оваа комерцијална активност, тој ќе добие статус дека има постојан престој во земјата. Вториот начин е ако личноста поседува компанија е странски државјанин – од земја која не е членка на ЕУ, добива сертификат за присуство на трговска застапеност во Бугарија, а со тоа и право за бугарски документи. Третата опција, која најмногу се користи во последниве години, е да добие статус на постојан престој врз основа на документ со бугарско потекло. Со кандидатите за бугарски документи работат над 100 фирми и токму тие помагаат во собирањето на документи и ги регистрираат на адреса во Бугарија“, раскажува соговорникот.

 

Неколку илјади Македонци станале бугарски државјани без бугарски корени, откриле новите истражувања за аферата со корупција за бугарски документи.

 

Вработениот во Агенцијата вели дека во документите на „кандидатите“ се користат лажни адреси.

 

„Износите за бугарски документи се различни во зависност од регионите во Бугарија и се движат помеѓу 50 и 100 евра по лице, со цел да се добие фиктивна адреса за престој.“

 

Во пограничните региони со Македонија и Србија, во областите Благоевград и Ќустендил е масовно издавањето на бугарски документи.

 

За истрагата што се води во Бугарија, од македонската влада велат дека се комплетно подготвени и стојат на располагање во расветлувањето на случајот доколку за тоа постојат наоди што иницираат потреба за истрага.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи