ВИДЕО- Започна да се реконструира кровот на куќата на Блаже Конески во Небрегово

Започна реконструкцијата на кровот на Спомен домот на Блаже Конески кој се наоѓа во неговото родно Небрегово. Инвестицијата чини околу 1 милион денари, а на покривот се поставуваат специјални камени плочи од Грција. Подолг период куќата се наоѓаше во незавидна состојба бидејќи поради уништената кровна конструкција внатре течеше вода, а кровот беше покриен со најлони за да се заштити поставката. Спомен домот беше отворен во 2005 година и од тогаш воопшто не е реновиран.

 

 

„Реконструкцијата на самиот објект е многу значајна како за објектот така и за презентирање на се што е вметнато во поставката на Спомен куќата која што е една од најрепрезентативните и е еден од најпосетуваните споменици и од учеици и од домашни и странски туристи. Сите тие артефакти кои се изложени се се автентични кои ги користело семејството на Блаже Конески“, изјави Благоја Атанасоски, директор на Завод и Музеј Прилеп.

 

Оваа реконструкција се очекува да придонесе и за зголемување на бројот на посетители на Спомен Куќата, а материјалите кои се употребуваат за реновирањето биле далеку поквалитетни од претходните.

 

„Дел од плочите полека се лизгаа и постоеше опасност поставката внатре да биде оштетена. Постојано тие камени плочи кои паѓаа ги враќав каде што стоеја. Така што некако се одржуваше. Но со ова препокривање, со овие камени плочи кои се со подобар квалитет и на кои ќе се направат отвори и потоа истите ќе се заштрафат за дрвените греди, со тоа мислам дека ќуќата не во наредните 10 туку во наредните 110 години нема да има проблем со никакво прокиснување“, вели Миле Спирковски, водич во Спомен Домот и иницијатор за негова изградба.

 

Инаку Заводот и Музеј Прилеп има поднесено иницијатива сите училишта во Македонија во своите редовни екскурзии да ја внесат куќата на Блаже Конески. Доколку се реализира оваа идеја над 300.000 ученици и студенти би го посетиле овој споменн дом со што би станал еден од најпосетуваните музеи во Македонија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи