Сакам да Ве информирам за најекспонираната, најфалената, а всушност најпромашената и економски најнеоправдана инвестиција што ја започнал мојот претходник, Златко Ристески, со која непромислено, или пак, намерно, го довел најголемото Јавно претпријатие во градов во многу незавидна ситуација, со огромни долгови, со безброј тужби и блокирана жиро-сметка. Истакна на денешната прес конференција директорот на ЈКП „Комуналец“, Звонко Јованоски.
Прес конферецијата ја пренесуваме во целост.
„Пред започнување со било која инвестиција треба да бидат исполнети неколку предуслови
- Изработка на сериозна анализа за економската оправданост и бенефитот од вложеното
- Да бидат обезбедени финасиски средства
- Инвестицијата да се одвива со одреден тековен редослед
Златко Ристески, се што направил со оваа инвестиција за секундарна селекција на отпад не направил редослед на приоритети, односно, без да направи финасиско затворање на примарната селекција, извршувал набавки во делот на секундарна селекција, а без при тоа да има добиено Градежна дозвола за изградба на хала, каде би се сместила набавената опрема.
Како прва работа што ја направил, а требало да биде последна, во пролетта 2013 год. набавил дел од линијата за секундарна селекција.
- Сепаратор со ротор ТИП КСР 10 со вредност од 943 евра
- Транспортни траки 7 парчиња со вредност од 369 евра
- Или вкупна вредност од 184.300 евра.
За набавената опрема од производителот Техникс од Хрватска, не е добиена никаква техничка документација, ниту за нејзино одржување и сервисирање. Опремата е оставена да лежи во кругот на Терминалот, изложена на временски неприлики. Ова е само дел од вкупната опрема, за нејзино докомплетирање и ставање во функција потребни се уште 20-тина сегменти со вкупна вредност од 500.000 евра.
На 14.10.2016 год. „Комуналец“, ја добива градежната дозвола за објектот (хала за селекција) каде што треба да биде поставена и монтирана оваа опрема, односно по 3 години откако ја купил опремата, а со градба на халата се започнува во летото 2017 година.
Со моето доаѓање на 30.12.2017 година, затекнав состојба на:
-Завршени бетонски и армирачки работи
-Поставена челична конструкција
со вкупна вредност од 11.403.000,оо ден. од кои исплатени беа 5.651.969,00 денари.
За целосна подготовка на халата потребни се уште 41.000.000,оо ден, а Комуналец не е во финасиска можност да ги обезбеди и затоа оваа инвестиција ја стопирав, со цел претпријатието да не биде изложено на дополнителни непотребни трошоци.
Досегашните непотребни вложувања за оваа инвестоција се :
11.403.000,оо ден. градежен дел
11.335.000,оо ден машински дел
______________________________
- 738.200,оо денари.
Или, за да се инвестира, парите биле пренаменети од вработените кои не земале додатоци на плата, а со тоа се се предизвикале и голем број на тужби, извршни решенија, судски и адвокатски трошоци, за кои се платени над 20 милиони денари од касата на „Комуналец“.
Сега за економската оправданост на оваа инвестиција. Кога халата би се изградила и линијата би била монтирана за двосменско работење од 16 часа би трошела околу 2.000 киловат часови електрична енергија, кога би ги вклучиле и трошоците за работна рака, инвестицијата би била нерантабилна, односно повеќе би трошела, отколку да се постигнува некаква добивка.
ЈКП „Комуналец“-Прилеп, набави Вешт- наод и мислење за функционалноста и употребливоста на оваа линија која веќе 5 години лежи изложена на надворешни влијанија. Согласно вештиот наод, подвижните делови како лежиштата, транспортните траки се оштетени и треба да се заменат со нови. Потребните финасии за замена на овие делови би би изнесувала од 30-40% од фактурираната вредност на опремата, односно 184.313евра x 35% = 64. 500 евра или, ова е директна штета предизвикана од неработењето на линијата.
Поради сите овие предизвикани и направени штети, директни или индирекнтни,со кои Јавното претпријатие е доведено во незавидна ситуација , а поради лошо и несовесно менаџирање.
Ги повикувам инситуциите на системот, МВР и Јавното обвинителство да реагираат согласно законската регулатива во Р. Македонија“, истакна Јованоски.