Донација за Дневниот центар за лица со церебрална парализа

Младите и амбициозни гимназијалци од „Интеракт клуб“ на гимназијата ,,Мирче Ацев“ од Прилеп денеска донираа канцелариски материјал за Дневниот центар за лица со церебрална парализа. На овие наши сограѓани младите гимназијалци им подарија: тетратки, блокчиња, боици, фломастери, хамер хартија и друг школски прибор, потребен во процесот на нивна секојдневна анимација и социјализација.

 

„На 16-ти октомври организиравме трка на Паркот на револуцијата. Целта ни беше да се дружиме, а воедно и да помогнеме. На трката учествуваа околу стотина ученици од прилепската гимназија, што платија котизација по 100 денари. Собраните средства одлучивме да ги донираме овде во центарот за лица со церебрална парализа. Донацијата се состои од тетратки, блокови, боици, хамери… “вели Јоана Велеска од „Интеракт клуб“.

 

Надлежните од Дневниот центар изразија благодарност до донаторите.

 

„Сите овие средства ќе му бидат потребни на клубот за секојдневна работа и моделирање,  за подобар психички развој на лицата, кои го посетуваат центарот, за нивната фина моторика и секојдневна активност“, изјави Бранка Пројческа, едукатор во центарот.

 

Во моментов во центарот се згрижуваат  14 штитеници.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи