Скопјанец тешко повреден во судир на автомобил и камион на излезот од Прилеп

Вчера попладне, на излезот на Прилеп во близина на бензинската пумпа „Лукоил“, се случи сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “Форд “со скопски регистарски ознаки управувано од С.С.(49) од Скопје и товарно моторно возило “Сканиа “со прилепски регистарски ознаки управувано од В.Б.(34) од Прилеп.

 

 

Со тешки телесни повреди се здобил совозачот на патничкото моторно возило Р.М., а возачот се здобил со лесни телесни повреди.

 

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.