Вчера попладне, на излезот на Прилеп во близина на бензинската пумпа „Лукоил“, се случи сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “Форд “со скопски регистарски ознаки управувано од С.С.(49) од Скопје и товарно моторно возило “Сканиа “со прилепски регистарски ознаки управувано од В.Б.(34) од Прилеп.
Со тешки телесни повреди се здобил совозачот на патничкото моторно возило Р.М., а возачот се здобил со лесни телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
111