ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Додатокот за трето дете се намалува за цели 15.000 евра

Одродената власт на СДСМ удира по се што е позитивно и општокорисно. Покрај тоа што секодјневно работат на разнебитување на се што е македонско, ги поништуваат и сите добри политики кои беа создавани додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. Истакнаа денеска на прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Последната таква непромислена одлука беше минатата недела кога министерката за труд  и социјална политика, Мила Царовска, објави дека се укинува месечниот додаток за трето дете.

 

Наместо досегашните 8.000 денари кои мајката ги добиваше секој месец во период од 10 години, со предвидените измени во Законот за заштита на децата, државата ќе исплаќа само еднократна парична помош во висина од 60.000 денари.

 

Така, приходот од 960.000 денари кој мајките што родиле трето дете го добиваа за период од 10 години, ќе се намали на само 60.000 денари или истиот ќе биде намален за цели 15.000 евра.

 

И покрај жестоките реакции од јавноста, министерството на Царовска и Владата на СДСМ не се поколебаа и не планираат да се откажат од оваа погубна одлука.

 

За Царовска оваа одлука значела, цитирам :

 

„Унапредување на правото на кориситење на надоместок за прво, второ и трето дете“, па затоа ја прашуваме :

 

„Како одлуката за намалување на додатокот за трето дете за цели 15.000 евра ќе ги мотивира родителите, особено младите, да имаат многудетни семејства ? Наместо да ги унапредувате политиките кои ви ги оставивме, Вие уништувате се што е вредно и корисно.

 

Вашиот иигнорантски и декструктивен однос не носи ништо добро за државата. Вие сте причината што Македонија од ден во ден тоне ии се соочува со се поголеми проблеми. Народот следи и вреднува, па затоа вашите денови на власт се избројани !

 

ВМРО-ДПМНЕ останува единствена народна партија, партија која работеше и ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните !“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи