Вчера во 09.05 часот на патот село Тополчани-село Клепач, прилепско, Љ.Л.(60) од село Злести, општина Дебарца, управувајќи патничко возило „Цитроен Ц3“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката З.Л.(55) од Охрид. Таа била пренесена во Градска болница Битола каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Прилеп.