ВИДЕО – Старските домови продолжување наместо крај на животот, потребно е итно нивно реновирање, особено во Прилеп

Иако повеќето приказни во домовите за стари лица се тажни, сепак овие институции не треба да се гледаат како крај на животот, туку спротивно како можност за негово продолжување. Вера Кочоска веќе 5 месеци е во домот за стари лица во Прилеп. Морала тука да дојде бидејќи децата и заминале во Америка. На почетокот и било многу тешко, но пота се навикнала.

 

 

„Тешко беше на почетокот, ми се покачи малку и шекерот. Знаете како е стар човек да биде во друг дом да се учи тешко, е сега е подобро“, вели Вера Кочоска, жител на домот за стари лица во Прилеп.

 

И другите приказни се тажни, но како и да е ова место им го продолжило животот на овие луѓе.

 

„Тука ми е убаво, се прибрав како човек да не бидам на улица. Имам фамилија, но поарно да ја немам“, кажа Петко Јованоски, жител на домот за стари лица во Прилеп.

 

„Станот ми го земаа извршители, навикната бев само на самотија дома сама живеев“, истакна Стефанка Голубова жител на домот за стари лица во Прилеп.

 

Стручните лица велат дека голем дел од старите лица ја бараат нивната помош за да се прилагодат.

 

„Некои се чувствуваат еве од дома не ме сакаат, заборавени сме, гледаме да контактираме со семејствата, правиме индивидуални средби, посети, да се олесни тој период на адаптација“, кажа Дијана Свартиноска, социјален работник.

 

По повод неделата за грижа на старите лица денеска ученици од гимназијата „Мирче Ацев“ им приредија пригодна музичка програма. Но во делови од домот условите за живот се далеку од пристојни. Со години тука воопшто ништо не се инвестирало, понекогаш нема елементарни услови за функциионирање. Новиот дииректор на домот ги повика компаниите да донираат.

 

„Во моментов мислам дека ни се потребни легла за корисниците. Има еден куп технички работи што ни се потревни за нормално функционирање. Работиме со капацитет од само една машина за перење која не ги за доволува потребите“, вели Мики Крстев, директор на домот за стари лица во Прилеп.

 

Било планирано и реконструкција која треба да ја одобри Министерството за труд и социјална политика. Општината денеска донираше 12 столчиња и една клупа.

 

„Минатата година конкуриравме не добивме согласност од Министерството за труд и социјална политика, се надевам дека оваа година ќе добиме и дека сме спремни да аплицираме и да го добиеме тој проект“, рече Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Старите лица заслужуваат подобар живот, државата е должна во секој поглед да им го овозможи тоа.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи