По три години пауза извршена успешна трансплантација на бубрези од починат донор

Facebook
Twitter
Email
Print

После 3 години пауза успешно се трансплантирани бубрези од починат донор. Семејството на починат малолетник со одлука да ги донира бубрезите од своето дете на двајца пациенти, маж и жена на околу 30 годишна возраст, кои со години оделе на дијализа.

 

Тимот на уролози, радиолози, хирурзи, пред два дена ја направија успешна трансплантација од кадавер по цели три години чекање. Двајцата трансплантирани пациенти се во добра здравствена состојба. Целиот тим им заблагодарува на семејството. Нема големина во зборовите, кога двата бубрези на починатото чедо им го продолжува животот на луѓе кои не ги познавате.

 

На листата чекаат 70 луѓе за бубрег. За министерот за здравство и националниот координатор за трансплантација најважен е влезот во Еуротрансплант, кога ќе може да се добиваат и даруваат органи на оние каде типизацијата со органот им одговара.

 

„Работиме да го подобриме процесот на трансплантација. Ги интензивираме разговорите со Евротрансплант. Се надеваме дека ќе влеземе во листата на земји кои ќе можат да донинираат органи, како и дека преку тоа ќе можеме да користиме за нашите пациенти. Планираме и сериозна инвестиција во делот на Клиниката за анестезија, а посебно во Центарот за трансплантација“, наведе Венко Филипче министер за здравство.

 

Посочи дека ги воведуваат и сите лекови кои се потребни за подобрување на процесот на трансплатација.

 

„Целта е не само да ги направиме овие огргани, на за жал починатите, достапни за нашите пациенти, туку да може ги направиме достапни тогаш кога нема да може да најдеме наши компатибилни пациенти и за пациенти во Европа преку Евротрансплант. Поради тоа ја отвораме вратата преку веќе направените договори со Хрватска за органи од починатите пациенти да станат достапни за нашите“, изјави министерот.

 

Во Македонија кај фамилијата е конечната одлука дали починатиот ќе биде дарител на органи или не. Постои опција човекот додека е жив да потпише изјава на нотар дека сака да биде донор, но конечниот збор е кај неговото семејство.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи